СОФИЈА КУНОВСКА : ИМА ЛИ СДСМ ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ЦЕНТАР?

0
249

Чудни се политичките патеки кога те води жедта за власт по секоја цена.
Кога го прочитав ставот на градоначалникот на Центар дека треба да се доградат законските објекти од Скопје 2014, свесно одмолчев, си реков можеби е изваден од контекст, или барем сакав да се залажувам дека е така.

Во основа, тоа беше потреба да се покаже поддршка за најавата на премиерот Мицкоски за довршување на објектите, а јас не сакам да верувам дека градоначалникот на најурбаната општина во државата, во која живее прогресивната и демократски освестена јавност, може да прави вакви лупинзи.

Одмолчев, иако имам идеолошка и архитектонска алергија од криминалната пералница Скопје 2014, како и повеќето урбани гласачи на еден поинаков СДСМ од едни други времиња на паркобраните, гушкањето на ГТЦ, протестите за менувањето на имињата на скопските улици…

Настрана што, да потсетам, партиски настрадав кога како претседател на Градската организација на СДСМ – Скопје јавно протестирав кога Радмила и Зоки се појавија на забава на Дајнерс во стиропорниот театар од Скопје 2014.