Сопственичката на „Фи-Ком“ бара прием во СЈО

0
1460

Поранешната сопственичка на градежната компанија „Фи-Ком“, Весна Сталевска – Николиќ, која издржува долгогодишна затворска казна за измами со продажба на станови и на деловен простор, денеска преку допис побарала прием во Специјалното јавно обвинителство, објави Макфакс.

„Ви се обраќам со молба да ми биде овозможен прием кај некој од Вашите Обвинители во врска со случајот „Фи-Ком“, бидејќи Вие сте обвинителство специјализирано за случаи кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, верувам дека имам корисни информации кои би помогнале повторно да се отвори овој случај, а во интерес на оштетените, но и на моето семејство“, се вели во дел од обраќањето на Весна Сталевска – Николиќ до СЈО.

Таа во затворот „Идризово“ е повеќе од десет години и поради нарушена здравствена состојба бара казната да и биде намалена. Весна Сталевска-Николиќ ги потсети надлежните дека нејзиниот сопруг, под сомнителни околности, извршил самоубиство во затвор, а таа е на хемотерапија, која ја одбива во знак на револт.