Насер Ал-Келафи, сопственикот на ПСЖ ноќва збесна по поразот над неговиот клуб во Мадрид на Сантијаго Бернабеу откако Реал Мадрид со хет трик на Бензема ги порази французите со вкупен резултат од 3-2.
Келафи за време на првото полувреме бил видно релаксиран по голот на Мбапе со кој ПСЖ речиси го обезбеди пласманот во четврт финалето на Лигата на Шампионите против Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу.
Според угледната шпанска телевизиска звезда Моника Мерчанте, Ал-Келафи по поразот над ПСЖ вечерва по последниот свиреж на судијата кој означи крај на мечот се симнал со неверојатна брзина барајќи ја соблекувалната на официјалните судии на мечот со цел да реагира на првиот примен гол по грешката на Донарума.
Според шпанскит реномирани медиуми се дознава дека фотографии и видео материјали од инцидентот каде учествува претседателот на ПСЖ, Ал-Келафи се испратени до УЕФА при што се очекуваат санкции против францускиот клуб.