СОПРУГОТ НА ПРАТЕНИЧКАТА ОД ВМРО ДПМНЕ, ЗАТУРОСКА ПРЕДИЗВИКАЛ ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ВО ОХРИД

0
1452

На 21.11.2019 во 16.25 часот на ул.„Андреа Јованоски“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „лада“, со охридски регистарски ознаки, управувано од З.З.(55) од Струга и мопед „баотиан“, со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.П.(29) од Охрид. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.