Thursday, May 22, 2025
11.8 C
Skopje

СОПРУГАТА НА СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ НАЗНАЧЕНА ЗА ГЛАВЕН СОВЕТНИК ВО СЕКТОР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ВО МВР

Јасминка Ангелова, сопруга на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов стана главен советник во Секторот за меѓународна соработка во Министерството за внатрешни работи. Информацијата за „Фокус“ официјално ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.

-Ве известуваме дека работникот Јасминка Ангелова со решение за распоредување е распоредена на работно место главен советник за соседни држави и Југоисточна Европа во одделение за билатерална соработка во сектор за меѓународна соработка во оддел за Европска Унија и меѓународна соработка во МВР, велат од мвр за “Фокус”.

Ангелов е лидер на партијата „Достоинство“ којашто беше во коалиција со претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ и беше директор на ЦУК за време на нивното владеење. Пред изборите Ангелов излезе од оваа коалиција со образложение дека биле неисполнети барањата и oчекувањата на неговата партија за обесштетување на десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители од конфликтот во 2001 година. Тогаш соопшти и дека партијата донела одлука да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Ангелов остана директор на ЦУК, а летово Македонија се соочи со големи пожари. Официјалните податоци покажуваат дека во 2024 година, во Македонија, во 126 шумски пожари изгореле над 94 илјади хектари, што е речиси колку претходните десет години заедно. Центарот за управување со кризи беше главна алка во справувањето со пожарите.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ИРМ БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ ОД ЕВН КОЈ И КАКО ЈА ПРЕСМЕТУВА СТРУЈАТА

Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци...

БОЖИНОВСКА: НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА НОСИ ПРИДОБИВКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ДРЖАВАТА

Законот за енергетика што минатата недела го усвои македонското...

ШОКАНТНО – УЧЕНИК НАПАДНАТ СО НОЖ ВО ДВОР ВО УЧИЛИШТЕ ВО БИТ-ПАЗАР

Фото : Илистрација Соученици нападнале дете во двор во училиште...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ