Соопштение: “Македонија-Блокира“: Заев е во паника штом го пушта советникот на СЈО Тортевски да прави инциденти на барикадите.
„Македонија-Блокира„ најостро го осудува вчерашниот смислен обид на човекот кој им служи на сите режими од 1990, адвокатот Александар Тортевски, да испровоцира инциденти со народот кој секојдневно протестира против уставните измени.
Очгледно Зоран Заев почнува да го фаќа паника од решеноста на македонскиот народ да го спречи да избрише се што е македонско и затоа прави очајнички обид со советникот на Специјалното обвинителство, Александар Тортески, да прави наменски инциденти.
Македонија-Блокира изразува згрозеност од вулгарните навреди на Тортевски како човек со изгубено национално чувство кои ги упати спрема македонскиот народ иако токму од македонските даночни обврзници секој месец зема по 1.000 евра хонорар од СЈО.
Го повикуваме Зоран Заев да се вразуми и да не провоцира оти работите лесно може да излезат до контрола, дотолку повеќе, блокадите продолжуваат до финалнмата одлука – или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи.