Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на „Рекорд“ во центарот на Скопје, поточно пред зградата на Министерството за правда, објави порталот „24инфо“. Според првичните информации, во судирот учествувале два автомобила, од кои едниот е такси-возило.
На местото на несреќата пристигнале две екипи на Итната помош, но засега нема информации за повредени луѓе и за нивната здравствена состојба.