СОНК СЕ ОГРАДУВА ОД ПРОТЕСТОТ НА СДСМ, ВЕЛАТ ДЕКА НЕ ПОДРЖУВААТ ПАРТУИСКИ ПРОТЕСТИ

0
108

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Јаким Неделков на својот Фејсбук профил веле дека синдикатот се оградува од закажаниот протест на СДСМ пред Министерството за образование и наука. Тој додава дека делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикатите, упатува на купување на ситни политички поени и може да има сосема спротивен ефект.

„Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20 000 просветни работници, се оградува од секаков вид на политички влијанија и дејствија во образованието. Во период на интензивни преговори за изнаоѓање решение и средства за подигнување на социјалниот статус на вработените во образованието, делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикатите, упатува на купување на ситни политички поени и може да има сосема спротивен ефект. Политичките партии имаа и имаат можност да докажат колку се загрижени за просветните работници, а тие знаат тоа најдобро да го оценат“, напиша Неделков.Тој притоа посочи дека СОНК ќе продолжи да делува со сите расположиви синдикални средства во натамошниот период, се до остварувањето на својата цел и потенцираше дека членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот.