СОЛЗА ГРЧЕВА ЛИДЕРО СЕ ОДМАЗДУВА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗАТОА ШТО НЕ ЈА КАНДИДИРАА НАМЕСТО СИЉАНОВСКА: Нема да гласаме на претседателските избори

0
1308

Партијата Глас за Македонија  смета дека единствено немањето на цензус ќе ја делегитимира оваа власт и ќе создаде терен за предвремени парламентарни избори.

„Партијата Глас за Македонија не гледа ниту една причина да поддржи кандидат на партиите кои се во претседателската трка за сега веќе, административната област Северна Македонија. Тие партии се токму оние кои, потонати во корупција, ни го продадоа името на државата, идентитетот на Македонецот и не обесчестија на јавна сцена. Не гледаме наша улога во овој кошмарен филм кој се повторува со децении и кој кулминираше со непочитување на волјата на народот по неуспешниот референдум за името. Мнозинството кое го кажа своето “не“ на 30-ти септември, нема свој претставник во партиите чија игра е јасно видлива. Конечно, бројката од 81 пратеник кои гласаа за промената, не е случајна. Таа е производ на договор помеѓу неморални, уценети и дрски уценувачи за кои “правната“ држава е само инструмент во рацете на политиката и личните интереси.

Танцот на “волците“ кои само рециклираат исти политики и начини на владеење, мора да биде казнет од сите граѓани. Краен момент е Македонија да почне да ја гради својата иднина на здрави темели, а не врз гнилите остатоци од партиите кои ја разградија државата по секоја основа.

Затоа Глас за Македонија ги повикува своите членови и симпатизери да не излегуваат на претстојните претседателски избори. Имињата на кандидатите не ни се важни. Се работи за принципи. Мора да се разбере дека народот е единствениот  суверен во државата и неговата волја мора да се почитува. Луѓето не смеат повеќе да бидат само гласачи, чија доверба по правило се изигрува. Тоа овие партии не го разбраа и сметката ќе им биде испорачана“, додаваат од Глас за Македонија.