Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

Советот на јавни обвинители се жали: Катица ни се заканува

E332E73B8E8FEF43A4510A5FF1B059D2

“Најавите дека ќе си даде оставка ако макар и еден од предложените обвинители во тимот не и избереме, како и писмото од минатата недела што го испрати специјалната обвинителка Катица Јанева до Советот на јавни обвинители, во кое, иако сме надлежен орган, таа нe учи што да правиме и како да избираме, го сметаме за директен притисок врз Советот за изгласување на предлог-одлуката за избор на јавните обвинители во Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите”, реагираше во “Вест” претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски.

Извори од Обвинителството за “Вест” рекоа дека ако дојде до таква ситуација, не само што ќе се повлече Јанева, туку со неа и целиот предложен тим. Таа била на работ на трпеливост, бидејќи, изборот на предложените 14 нејзини заменици, Советот, наводно, го опструирал.

“Ова е преседан и ако е во целост точно, досега никогаш никој не кажал ваква работа од сите јавни обвинители во Република Македонија. Ова на Јанева и е вторпат да му се закани на Советот на јавни обвинители. Но, треба да го има предвид членот седум став еден од Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, кој вели дека тоа Јавно обвинителство ќе биде одговорно за својата работа пред Парламентот и пред Советот на јавни обвинители. Специјалниот јавен обвинител ќе поднесува извештај на секои шест месеци за неговите активности и ќе биде професионално одговорен за стручните и законските дејствија пред СЈО”, ја потсетува Аневски специјалната обвинителка пред кого таа и тимот ќе одговараат за работата.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ