Monday, December 2, 2024
8.8 C
Skopje

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА НАВЛЕГУВА ВО ЗАДКУЛИСНИТЕ И НЕЧЕСНИ ИГРИ НА КОАЛИЦИЈАТА СДСМ, ГРАД СКОПЈЕ, ДУИ И ЛЕВИЦА КОИ НИКАКО НЕ РАБОТАТ ЗА ДОБРОТО НА ГРАЃАНИТЕ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ

,,Почитувани граѓани и медиуми,

Денеска во својство на координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата,присуствував на координација помеѓу Градоначалничката на Град Скопје,координаторите на советничките групи и приватните превозници.

На таа средба,присуствував се со цел да слушнам предлог од Градот Скопје за решавање на проблемот со приватните превозници. На моето прашање за предлог,одговор не добив.

На средбата иако бев информиран дека средбата ќе биде само со координатори и Градоначалник,на средбата имаше голем број присутни вработени од градот Скопје и повеќе советници од советничките групи за кој не беше договорено за таква средба.

Јас како координатор ја напуштив таа средба после добиени навреди и омаловажувања од неколку од присутните советници и секако не добив предлог за проблемот со приватните превозници.

Сакам да нагласам дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата Сдсм,Град Скопје,Дуи и Левица кој никако не работат за доброто на граѓаните на градот Скопје.

Секако,на вчерашната седница советот донесе заклучок со кворум од присутни 29 члена на советот за покачување на цената на приватните превозници за 30 денари по извозен километар“, стои во објавата на Мартин Стојановски.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ