Неврохирургот, Венко Филипче кој своевремено беше советник на екс министерот за здравство, Никола Тодоров, а сега советник во владата на премиерот Заев, ќе биде нов министер за здравство, потврдија од Владата.
И покрај изјавата на вицепремиерот, Бујар Османи дека пред 25 декември нема да има назначување на нов министер за здравство, сепак неколку часа подоцна од Владата потврдија дека Филипче ќе застане на чело на министерството.
Филипче беше учесник и на лекарските контра протести кои беа организирани од ВМРО-ДПМНЕ, како контра мерка на лекарите кои ги бараа своите права.
Во периодот додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, новиот министер на Заев беше член на неколку здавствени комисии.
Според сознанија на А1он голем дел од лекарите ќе изразат незадоволство од изборот на СДСМ за министер кој се најавува за оваа функција веќе подолго време.
Извор : А1он