Совети од експерти: Релаксирајте го умот

0
591

Само 1 минута одмор дневно може да има позитивно влијание врз нашиот автономен нервен систем, а ако успеете во распоредот да најдете 20 минути за одмор, за неколку недели би успеале да го ресетирате организмот и да станете поотпорни на стресни ситуации.

1 минута ДИШЕТЕ ДЛАБОКО

Кога сме под стрес, дишеме забрзано или остануваме без здив. Со длабоко дишење од дијафрагмата, се зголемува нивото на кислород, што доведува до смиреност. За да бидете сигурни дека дишете од дијафрагмата, а не од градите, поставете ја дланката 2-3 см над папокот – додека полека вдишувате ќе забележите дека стомакот ви се шири.

3 минути ИЗЕДЕТЕ РЕД ЧОКОЛАДО

Секојдневно консумирање црно чоколадо (еден ред) за две недели ќе го ублажи лачење на хормонот на стресот, открива едно американско истражување. Препуштете му се комплетно, не мислејќи на ништо друго, и јадете го полека, уживајќи во вкусот.

10 минути РАЗБУДЕТЕ КРЕАТИВНОСТ

Истражувањата покажуваат дека разни уметнички техники помагаат да се отпуштиме и да ги смириме умот и целото тело. Ако имате 10 минути, а не умеете да плетете, ви предлагаме да се фрлите на украсување на страниците во боенки за возрасни. Забавно е и релаксирачки!

15 минути ИСПИЈТЕ  ШОЛЈА ЧАЈ

Зелен чај содржи теанин, кој има позитивно влијание врз мозочните алфа-бранови и придонесува за чувство на смиреност. Камилица ублажува симптоми на анксиозност, а црн чај има смирувачко дејство врз невротрансмитерите во мозокот.

20 минути ШЕТАЈТЕ СЕ

Прошетката поттикнува лачење на норадреналин, хемиска супстанција која му помага на мозокот да се избори со стресот. Умерената физичка активност го подобрува расположението и влијае врз нивото на енергија.