Собранието треба да ги констатира оставките на министрите од ДУИ

0
355

Денеска на пленарна седница Собранието на Република Македонија треба да ги констатира оставките на министрите и замениците министри од ДУИ. Според очекувањата, треба да бидат избрани и новите министри кои вчера ги предложи партијата.

Претседателството на партијата во четвртокот одлучи сите нивни министри и заменици да поднесат неотповиклива оставка, а за сите понатамошни чекори околу учеството на ДУИ во Владата да решава партискиот лидер Али Ахмети. Во петокот оставки до Владата поднесоа досегашните министри Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и замениците-министри Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами.

Согласно собранискиот Деловник, Парламентот на пленарна седница само ги констатира оставките. Можно е новите министри на ДУИ да бидат избрани во рамки на денешната 98. седница на Собранието, со дополнување на дневниот ред.