Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

СОБРАНИЕТО ГИ УСВОИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ: НОВИ УСЛОВИ ЗА ИНТЕРНЕТ -ПОРТАЛИТЕ

Со 69 гласа „за“ и поддршка од 15 пратеници од немнозинските заедници, Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за медиуми.

Новините се однесуваат првенствено на регулирање на интернет-порталите, кои за првпат се вклучуваат како официјални медиуми со обврска да се регистрираат во посебен Регистар што ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Првично предложеното законско решение предвидуваше интернет-порталите да имаат најмалку тројца вработени со полно работно време, но по реакциите од медиумската заедница, посебно од локалните и помали портали, тој број е намален на два. За медиумите со „мал или специјализиран опфат“, доволно ќе биде да имаат едно лице вработено полно работно време и едно лице ангажирано со договор на дело.

Законот прецизира дека порталите кои сакаат да се идентификуваат како медиуми ќе мора да бидат впишани во електронскиот Регистар на издавачи на онлајн медиуми, кој ќе содржи податоци за фирмата, седиштето, одговорното лице, интернет-адресата и доменот на порталот. Регистарот не предвидува моментални поволности, но се најавуваат можности за идни субвенции и учество во политичко рекламирање за време на избори.

И покрај тоа што измените беа прифатени со широк консензус, дебатата меѓу предлагачот – Министерството за дигитална трансформација – и медиумските здруженија откри различни ставови. Главната забелешка беше токму бројот на потребни вработени, што за некои портали претставуваше нереална финансиска обврска.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ