Собир за поддршка на борецот за слободарска Македонија адвокатот Жаре Стеваноски кој е повикан од локалниот режим во прилепската полициска станица на информативен разговор

0
1456

Фејсбук статус на ,,Прилеп протестира” :

zare_s_917x768

Соборци и соборки, притисоците кон учесниците на протестите на Шарената револуција не стивнуваат. Нашиот истакнат соборец – адвокатот Жаре Стеваноски е повикан утре (четврток 09.06.2016) во 10.30 часот на информативен разговор во полициската станица Прилеп.

Ајде сите слободари да му ја изразиме поддршката на Жаре, така што ќе се собереме утре на 09.06.2016 во 10.30 часот на почетокот од улицата што води кон полициската станица Прилеп (пред бившиот наплатен центар на електро дистрибуција) и заедно со Жаре се упатуваме кон полициската станица, каде ќе го изразиме нашиот револт за неоснованиот прогон на нашите соборци од страна на поданиците на Чавков.

Не им се плашиме!

‪#‎ПрилепПротестира‬ ‪#‎ШаренаРеволуција‬ ‪#‎Протестирам‬