Сноуден не ги исклучил email известувањата од Twitter и добил 47 GB од нив

0
626

66_cUYfj

Едвард Сноуден оваа недела отвори Twitter профил кој што покрај поради неговата популарност, привлече внимание со одлуката да следи само еден друг профил. Се разбира веќе знаете, тој профил е на NSA, агенцијата во која што тој порано има работено.

Информациите кои што тој ги објави во јавноста, без разлика на тоа што ќе се случи од него, влегуваат во историјата, како информации кои што ги отворија очите на голем дел од луѓето поврзани со моќта на властите и што тие се спремни да направат за нејзино задржување.

До денес Сноуден има нешто повеќе од 1,2 милиони следбеници, огромна бројка на пораки, омилени твитови, ретвитови и слично. Twitter стандардно испраќа email известување за сите овие активности на мрежата посебно, се разбира доколку не ги исклучите.

Ова има предизвикано толку голема бројка на известувања по email, што Сноуден истакна дека тој добил 47 GB пораки од социјалната мрежа. #lessonlearned

snouden

 

Извор : СмартПортал