АЈДЕЕЕЕ ВМРОВЦИТЕ СЕГА СТАНАА И ВОАЈЕРИ ВО СОБРАНИЕ : СНЕЖАНА КАЛЕВСКА-ВАНЧЕВСКА ЌЕ БАРА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ОД ПРАТЕНИКОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ КОЈ ЈА СНИМАЛ НА 15 САНТИМЕТРИ ОД ДЕКОЛТЕТО

0
651

Претседателката на Комисијата за политички систем Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ кажа дека со мобилен ја снимал пратеникот Зоран Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа во изјава за Фокус, вели дека од Јованчев ќе бара јавно да и се извини за случајот.

„Јас лично, не забележав кога пратеникот ме снимал, но забележаа мои колешки и тие веднаш реагираа. Бев преокупирана со заштита на материјалите, и да ја завршам седницата согласно деловникот“, вели таа.

Maкедонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Собранието, говореше за деструкцијата на опозицијата и кажа дека пратеник снимал своја колешка на 15 сантиметри од деколтето.