СМЕШНА КОЛУМНА НА ГЕРО, ОД ОЧАЈ И ГНЕВ ЌЕ СЕ РАЗБОЛИ КУТРИОТ: Тоа што Заев го слуша народот е лошо, народот е глуп не знае што сака!

0
305

Многу смешна колумна на Геровски, од очај и гнев ќе се разболи кутриот. Не знае како да му најде маана на Заев, па го прогласува за популист само затоа што го слушал гласот на народот?

Тоа што Заев храбро игра против своите политички интереси и ги решава проблемите со Грците, Бугарите и Албанците, Геро нормално го заборава, сака и вие тоа да го заборавите.

Но тоа не е единствената манипулација негова, тој се обидува да протне теза дека тоа што Заев го слуша народот на домашните теми, значи дека државата ќе заврши во еднек, односно народот не знае што сака.

Но дали е така? Народот на пример сака високи плати, сака мали даноци, мали давачки, сака услужна и мала бирократија, сака демократија, сака слобода, сака нови работни места, сака владеење на правото, сака ефикасна МВР која ќе апси мафијаши, дилери, рекетари и бандити, сака кутлурни и домаќини политичари, сака отворени граници, сака земја во ЕУ, веќе сме во НАТО, сака екологија, сака ефтини енергенси, сака нови и безбедни патишта, сака нови болници и школи, сака паркови, помалку задолжена земја безбедна мирна итн итн…

Сето тоа глупости ли се? Ало Заев го слуша народот за тие работи, популист ли е? Лош ли е премиер ако ги реализира тие барања? Тоа ли е популизам? Па ако е тоа популизам, тогаш браво за Заев!

Популизам е кога наместо леб на народот му даваш национализам и омраза!

Популизам е кога наместо убава земја на народот му даваш диктатура со режимска пропаганда која шири розови очила и вештачка реалност со народни пари.

Популизам е кога ги таргетираш стереотипите и стравовите кај народот па наместо леб му даваш историја го лажеш со антика шириш омраза кон малцинствата го плашиш народот дека ќе го нападнат Бугарите и Грците, дека ќе исчеззне како Евреите во холокаустот…

Популизам е кога крадеш избори, кога ја угнетуваш опозицијата, кога го плашиш народот дека опозицијата се странски шпиони, кога од себе како лидер правиш МИТ НА ТАТКО НА НАЦИЈАТА КОЈ СЕ ЗНАЕ И КОЈ ТРЕБА ДА ВЛАДЕЕ ВЕЧНО ИНАКУ ДРЖАВАТА ЌЕ ПРОПАДНЕ итн итн…

Популизам е кога ја користиш религијата за политички поени а од атеистите и другите вери правиш закана за земјата…

Популист е кога ги користиш семејните конзервативни стојалишта да шириш паника за ЛГБТ заедницата и да ја шиканираш и ловиш поени со тоа…

Ништо од тоа го нема кај Заев, тој е демократ, реалист, скромен, анти-националист, либерал, реформист, про-западен умерен реален социјал-демократ, Геро го знае тоа многу добро, ама јаде бурек затоа што има агенда, има план да ја сруши владата кога тогаш, и додека тоа не се случи, ќе наоѓа маани на се и ќе мрчи за се…