СЛУЧУВАЊАТА НА ОНКОЛОГИЈА СЕ ЗГРОЗУВАЧКИ : СДСМ БАРА ДА НЕ СЕ ЕТИКЕТИРААТ СИТЕ ЛЕКАРИ И СЕСТРИ

0
538

Акцијата на надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за сузбивање на криминал на Клиниката за онкологија е соодветна и заслужува целосна поддршка од сите. За вакви криминални работи се зборува 20 години, но сега за првпат надлежни институции и Владата предводена од СДСМ се зафаќаат со негово расчистување, велат од владејачката партија.

„Наводите и сомневањата врз основа на коишто се постапува се згрозувачки и за секоја осуда. Инситуционалното постапување е вистински начин за што поскоро целосно расчистување на случајот и одговорност на сите инволвирани, за целиот опфатен временски период. Без сензационалистички злоупотреби и без етикетирања на сите доктори и медицински сестри, само професионална и брза институционална разрешница, согласно законите, ќе ја утврди точно одговорноста и сите вмешани, години наназад, ќе ги изнесе пред лицето на правдата“, се наведува во соопштението од СДСМ.СДСМ истакнува дека нема да дозволи кој било да се богати на сметка на здравјето на луѓето, ниту пак политички да се злоупотребува случајот.