Случајот „Монструм“ на 11 септември ќе се урне како кула од карти?!

0
1010

Нови три месеци агонија од судот добија семејствата на убиените кај Смилковското Езеро, а толку време ќе треба да минат и петтмината кои се в затвор, а од МВР и Обвинителството се посочени дека на Велики четврток пред три години го извршија масакрот крај ова скопско вештачко езеро, пишува Плусинфо.

monstrum11

Судијката Лидија Шопова денеска го одложи процесот за на 11 септември. Тој датум има две симболики – а и двете се лоши. На тој ден православниот свет го слави празникот Црн Свети Јован, а светот памети дека токму тој ден беа извршени терористички напади во САД во 2001 година.

Додека се чека и за овој процес евентуално да се дознае вистината од „бомбите“ на Зоран Заев, граѓанските активисти и аналитичари за Плусинфо велат дека и овој процес ќе се урне како кула од карти, под два услова. Првиот е Никола Груевски да си поднесе оставка а вториот е до тогаш да се објави бомбата за „Монструм“, која СДСМ ја најавува со месеци.

Формално, 11 септември е работен ден и од правна гледна точка нема ништо спорно во закажување седници на тој датум. Но, со оглед на симболиката на тој ден и политички исконструираната фама поврзана со овој случај, нема сомнеж дека изборот на токму овој ден е намерно направен за паралелно со пресудата да се испрати и политичка порака, вели политичкиот аналитичар Арсим Зеколи.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ