Иако секоја година, од 2006 година наваму, откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, бројот на службени патувања и роуд-шоуа се зголемува, сепак, колку вкупно патници има во една делегација, колкави дневници земаат и колку народни пари досега се потрошиле за оваа намена останува „државна тајна“ или се водат како строго доверливи информации.
Предводник на листата е собранискиот спикер Трајко Вељановски, кој ретко тргнува на патување без сопругата Сузана, како и шефот на државата Ѓорге Иванов, кој е постојано придружуван од првата дама – Маја.
За разлика од нив, експремиерот и лидер на ДПМНЕ, Никола Груевски, ретко со себе ја носи својата сопруга Боркица, но затоа, пак, почесто може да се види во друштво на својата мајка Нада. Како и да е, прашањето – колку народни пари се трошат за патувањата на функционерите, нивните сопруги и членови на нивните семејства се крие како змија нозете.
Текстот во целост прочитајте го во новиот број на неделникот Фокус.