Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

СЛОВЕНЕЧКИ СУД ГО ОСЛОБОДИ ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР ЈАНША ОД ОБВИНЕНИЈА ЗА КОРУПЦИЈА

Суд во Словенија вчера донесе првостепена пресуда со која ги ослободи од обвиненијата за злоупотреба на службената должност и за корупција поранешниот премиер Јанез Јанша и двајцата наводни соучесници. Јанша, претседателот на најголемата опозициска Словенечка демократска партија, го отфрли обвинението како обид да се отстрани од политиката пред општите избори во 2026 година. – И покрај тоа што беше јасна и видлива фарса од самиот почеток, обвинителот побара две години затвор, изјави Јанша по излегувањето од судот. Тој додаде дека ова е победа, но оти борбата не е завршена. Ослободителната пресуда, според него, доаѓа по речиси 15 години испитувања, судења, клевети и кражби на здравје, живот, слобода и време.

– Одложената правда е негирана правда, без разлика каков е крајниот резултат. Затоа нашата борба допрва почнува, рече Јанша. Стотици негови приврзаници се собраа пред зградата на судот во Целје, веејќи словенечки знамиња и носејќи транспаренти со обвинувања против судството, јавија словенечките медиуми. Обвинителството најави дека по доставување на писмени образложенија ќе ја обжали пресудата до повисок суд. Пратеникот во Европскиот парламент Бранко Гримс во изјава за РТВ Словенија рече дека ослободителната пресуда е „резултат на тоа што е невозможно да се брани пресудата пред меѓународната јавност, која исто така беше информирана за настаните“. Според него, останува фактот дека ова судење никогаш не требало да се случи и оти тоа е „грубо, бесрамно кршење на човековите права“.

– Првото рочиште беше закажано за роденденот на сопругата на Јанез Јанша, Уршка Бачовник, второто рочиште за роденденот на Јанез Јанша, пресудата беше објавена на Велики петок, рече тој и додаде дека тоа е „чисто судско малтретирање“. Јанша (66) беше обвинет за злоупотреба на службената положба при продажба на имот во 2005 година, во првиот мандат како премиер. Во предметот беа опфатени и директорите на две фирми Бранко Кастелиќ и Клемен Гантар кои биле вклучени во низа трансакции поврзани со продажба на парцела во сопственост на Јанша во замена за купување стан за него во Љубљана. Јанша, кој се залагаше за словенечка независност од тогашна Југославија во 1991 година, во 2013 година беше осуден на две години затвор за поткуп во договор со финската одбранбена група „Патрија“ во 2006 година, во вториот мандат како премиер.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ