Следува „новогодишна честитка“ за РЕЖИМОТ: Првите обвиненија од Јанева се очекува да бидат покренати во средина на декември

0
353

Првите обвиненија што ќе ги истражува специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим, се очекува да бидат покренати во периодот од 15 декември до 15 март наредната година.

Јанева предвидела специјалното обвинителство да брои 124 вработени. Според плановите изготвени од Јанева, кои ги објавија некои медиуми, покрај 14-те обвинители, со Јанева ќе работат и 30 истражители и 35 обвинителски советници.

Обвинителката за себе и за другите обвинители бара и 30 обезбедувачи.

За трите преостанати месеци од годинава, Јанева бара околу еден милион евра за функционирање на специјалното обвинителство.