СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА РАЗМИСЛУВА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ

0
166

Актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска во изјава за „Фокус“ вели дека размислува да влезе во трката за нов претседател на СДСМ откако актуелниот партискиот лидер Димитар Ковачевски најави внатрепартиски избори после изборниот резултат на СДСМ на двојните избори.„Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ, но конечната одлука ќе ја донесам откако ќе биде започната постапката“,
изјави Петровска за „Фокус“.

Покрај неа, како што пишува најновиот број на неделникот „Фокус“, како можни претседателски кандидати на СДСМ се споменуваат и Зоран Заев, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Венко Филипче, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Јован Деспотовски, Игор Ивановски, Гордан Георгиев, Никола Поповски…Минатата недела од СДСМ најавија состаноци на партиското раководство и Извршниот одбор за отпочнување на постапката за свикување на отчетен конгрес по изборните резултати на партијата на двојните избори. На конгресот ќе се разгледаат причините за изборниот резултат, спроведените анализи и извештаи за работењето на СДСМ, а се очекува да бидат дефинирани и роковите и начинот за спроведување на внатрепартиски избори.