СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА: Во кафаната на Боемска полицајците затекле десетина началници именувани од Чулев кои некој ги пратил за да го спасуваат Мицковски!

0
1966

– Кога полицајците влегле по 2 часа во ресторанот на Боемска, веднаш откако си заминал Мицковски, полицајците во ресторанот затекле едно десетина началници кои беа поставени од Наќе Чулев во разни сектори во МВР, што мајка барале тие баш во тој момент таму?!

Дали некој ги повикал да вршат притисок врз полицајците кои ја воделе истрагата?! На сите им е земена изјава и нивните признанија кој ги повикал и како се влезени во записник. Ова за жал толку многу наликува на едни времиња кога МВР се нарекуваше МВРО ВМРО.

Заменичката министер на МВР, Славјанка Петровска на Телма во Вин Вин со Оливера Трајковска.