СЛАВЧО ПОПОСКИ: Важни совети но и нови случувања околу временската состојба во Македонија за следните денови

0
2378

Во првите 2-3 дена од новата седмица територијата на Македонија и понатаму ќе биде под влијание на визок воздушен притисок па така условите з амагла по котлините и тоа како ќе се зголемат па поради тоа на возачите овие денови им препорачуваме крајно да внимаваат како управуваат со своите возила.

Значи времето во првите 2-3 денови од седмицата која ни претстои ќе биде умерено облачно со сончеви периоди кој на некои места се очекува истите да бидат и нешто подолги. По котлините ќе има магла и ниска облачност која локално можно е да биде и нешто погуста.

Само локално сеуште ќе има услови за сосема слабо провејување на снег.

Ќе биде претежно тивко или ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.

Температурите во следните денови ќе бележат тенденција на покачување како утринските така и дневните. Сево ова е поради јужното воздушно струење кое ќе настапи во текот на неделата која ни претстои.

Некаде до средината на неделата минималните температури ќе се движат во интервал од -8 до -1 степен додека на некои места истите е можно да се спуштат до околу -10 степени што значи полека минималните температури ќе се покачуваат.

Максималните температури ќе се движат некаде во интервалот од -1 до 5 степени додека веќе од средината на неделата ќе започнат да се покачуваат.

Мора да се напомене дека на тие места каде што ќе има магла и ниска облачност температурите на воздухот ќе бидат значително пониски.

Гледано според моменталните анализи и информации со кои располагаме веќе кон крајот на неделата максималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 13 степени што значи веќе температурите ќе бидат и малку натрпосечни (значи повисоки за овој дел од годината).

Во пораст ќе бидат и минималните температури кои ќе се спуштат во интервал од -4 до 2 степени што значи дека понекаде и минималните температури веќе ќе останат во позитива (малку над нулата).

Во петок и во сабота ќе има услови и за повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките планини (врнежите ќе бидат слаб до умерен интензитет).

Со оглед дека оваа прогноза се однесува за цела недела која ни претстои истата може и да се менува по потреба па затоа следете ги нашите редовни информации кои ви ги доставуваме на сите вас.

20161017_001117-845x684

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ОД СЛАВЧО ПОПОСКИ!