СЛАВЧО ПОПОВСКИ СО НОВАТА МЕТЕО ПРОГНОЗА : Продолжува стабилното и суво време – ќе биде уште потопло

0
144

Денес, како и во текот на следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и потопло време. Односно времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променл правец. Максималните дневни температури, поради продор на потопла воздушна маса од југ ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 34, 35 степени.

Во Скопје и околината, и понатаму ќе продолжи стабилното, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната дневна температура овие денови се очекува да се искачи до околу 30 степени.

Подготви: Славчо Попоски