Sunday, March 23, 2025
9.8 C
Skopje

СЛАВЕСКИ: СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО СО САД Е ВО КОРИСТ НА БЕЗБЕДНОСТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески, кој дисктураше за актуелната тема денеска, посетата на Владата во Унгарија како и барањето на Синдикатите за зголемувањето на минималната плата.

На самиот почеток, Славески објасни дека стратешкото партнерство со САД не е на одмет и тоа од безбедносни причини со што направи компарација за земји кои ниту се во Европа ниту во НАТО а сепак имаат стабилна безбедносна поддршка од САД, како и дека на економски план соработката со соседите треба да се одржува и негува.

„Стратешкото партнерство не е на одмет, на безбедносен план многу ни е битно стратешкото партнерство со САД, има земји коишто со децении се потпираат на поддршката безбедносна на САД а не се ниту во Европа ниту во НАТО, на економски план соработката со соседите треба да се одржува, да се негува и понатаму“, рече Славески.

Во врска со барањата на ССМ за покачувањето на минималецот на 500 евра Славески истакна:

„Во однос на ова имаме закон за минимална плата, според којшто сега во март треба да дојде до усогласување со стапката на инфлација од минатата година и со порастот на просечната плата,  околу генералниот штрајк и тоа е право на синдикатите, ако сметаат дека имаат капацитет а мислам дека немаат затоа што синдикатите во приватниот сектор речиси и да не постојат,  синдикатите се силни во јавниот сектор“, истакна Славески.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ АКТЕР, ФИЛИП БУКОВ ДОНИРАШЕ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ

Познатиот бугарски актер Филип Буков демонстрираше исклучителна хуманост со...

МИРЕН СОБИР ВО ШТИП: ,,ВИЕ ГО ЗАПАЛИВТЕ ПЛАМЕНОТ, СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ОГАН”

На мирен собир во Штип вечерва граѓаните им оддаваат...

НИКОЛОСКИ: ОДЗЕДОВМЕ 427 ЛИЦЕНЦИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ