СЛАВЕСКИ : СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА Е ЕДНА ОД НАЈИСТАКНАТИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ПАРЛАМЕНТОТ КОЈА ГИ ЗАСТАПУВА ПОЛИТИКИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ

0
306

„Ние имаме парламентарен систем каде претседателот е со релативно ограничени ингеренции во надворешната политика, безбедносната политика, а многу малце ингеренции има во економијата и слично“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на телевизија 24.

Во однос Гордана Силјановска Давкова, тој кажа дека таа е една од најистакнатите членови на парламентот.

„Професорката Гордана Силјановска Давкова е член на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, ги застапува политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Ние ја сметаме за член на големото јато на ВМРО-ДПМНЕ. Таа со ништо не покажала дека има нешто генерално спротивно од она што е генерално политика на ВМРО-ДПМНЕ во текот на изминатите 4 години во својство на член на парламентот, еден од најистакнатите членови на парламентот, рече Славески.

Тој истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ посакуван коалициски партнер се партиите од албанската опозиција.

„Јасно е дека наш посакуван природен коалициски партнер се партиите од албанската опозиција минус делот од Алијанса за Албанците кои се определија да одат со СДС и ДУИ“, кажа Славески.

Тој очекува албанската опозиција да го победи ДУИ на изборите.

„Позади Таравари од она што гледам позади себе има една армија гласачи, ние сметаме на нив кои секако ќе придонесат да т.н Европски фронт на партии од албанската опозиција да го победат ДУИ на овие избори“, вели Славески.