Господинот Михали Варга е актуелен гувернер на Централната банка на Унгарија од март 2025 година.
Претходно во два наврати ја вршеше функцијата министер за финансии во владите предводени од премиерот Виктор Орбан (2001 – 2002 и 2013 – 2024 година). Во партијата Фидеш членува од нејзиното основање во 1988 година. Покрај Владата на Унгарија и унгарската централна банка е наш голем пријател и поддржувач.
Со колегата Варга се сретнав во 2023 година во министерството за финансии на Унгарија, а за време на 95-тото Годишно собрание на Банката за меѓунаридни порамнувања со седиште во Базел (27-29 јуни 2025 г.) договоривме продлабочување на соработката меѓу двете централни банки.