СЛАВЕСКИ : ЛИЧНОСТИТЕ КОИ СЕ ПРЕДЛОГ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА СЕ ОДЛИЧЕН ИЗБОР И ЌЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ МАКСИМУМ ДА СПРЕЧАТ НЕРЕГУЛАРНОСТИ И ПОТКУП ВО ТЕКОТ НА ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС

0
322

Во вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ гостуваше претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески кој што истакна дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се одличен избор и личностите кои што се предложени ќе го дадат својот максимум  да ги спречат сите манипулации со изборниот процеси да спречат евентуален поткуп.

„Јас многу добро ја познавам Елена Петрова уште кога бев јас министер за финансии таа беше многу успешен службеник, раководител во министерството за финансии во онаа канцеларија за која што слушнав дека се уште работи за големи даночни обврзници мислам дека таа беше од самото воспоставување, тоа е посебна канцеларија која што ги има под лупа оние компании кои што се најголеми плаќачи и придонесуваа во државната каса и треба да се следат по будно. Таа ги познава сите процедури ги знае сите можности за злоупотреби најверојатно и самата била соочена еве сега е актуелно со управата за јавни приходи, во секој случај таа е одличен избор“, нагласи Славески.

Славески посочи и дека личностите кои се предлог на ВМРО-ДПМНЕ се одличен избор и ќе го дадат својот максимум да спречат нерегуларности и поткуп во текот на изборниот процес.

„Ѓоко Велковски си замина во оној момент кога се случи расколот помеѓу Данела Арсовска и партијата ВМРО-ДПМНЕ, беше во еден момент дел од Градот Скопје. Ние сме против Пржинска влада техничка влада и така натаму но таа остана ограничувањата се големи, сопките што ќе се прават на луѓето се огромни вие се сеќавате на искуството од пред 4 години кога ВМРО-ДПМНЕ остана без министер труд и социјална политика кога беше разрешена Рашела Мизрахи. Краток е периодот, надлежностите се ограничени мислам дека луѓето кои што ги спомнавме ќе вложат максимум да спречат и тоа е логиката на техничката влада и учеството на опозицијата во таа влада преку овие двајца министри и тројца дополнителни заменици министри да се спречат колку што е можно злоупотреби во однос на организација на изборниот процес, евентуален поткуп на гласачи итн. Но ограничени се до максимум можностите посебно е отежната функцијата на министерот за внатрешни работи посебно во вакви околности. На плеќите на Панче Тошковски кој што има големо искуство во правото и практицирање на правото тој е еден од познатите и успешни адвокати во Скопје и се надевам дека Тошковски одлично ќе се снајде и ќе наиде на разбирање на началниците кои се во МВР и со целиот професионализам ќе бидат во служба на Македонија, и организација и мирно спроведување на изборите без екцеси да можат граѓаните слободно да го дадат својот глас“, истакна Славески.