Thursday, July 17, 2025
25.8 C
Skopje

СЛАВЕСКИ: ДА ОБЕЗБЕДИМЕ НИСКА И СТАБИЛНА ИНФЛАЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ЕКОНОМИЈАТА

Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и стопанството, најавува новиот гувернер на Народната банка Трајко Славески во интервју за државната МИА, прво по назначувањето на функцијата.

– Фиксниот девизен курс којшто добро и служеше на Република Македонија ќе остане и во наредниот период, да се надеваме на влез на Република Македонија во догледно време во Европската унија и подготовка за воведување на еврото со овој фиксен режим на девизен курс.

Единствено што треба да се трудиме, што е и законска цел на НБРМ, во соработка со фискалната власт, односно Министерството за финансии, да обезбедиме ниска инфлација, односно стабилност на цените. Инфлацијата да биде во рамките на онаа во еврозоната, затоа што само така ќе одржуваме и конкурентност на нашата економија.

Доколку како во изминатите неколку години имаме инфлација или стапка на инфлација двојно повисока од таа во еврозоната, тоа не е пожелна состојба. Мислам дека е императив, тоа, колку што имам информации е и цврста одлука, став на Владата, дека само ниска и стабилна инфлација која нуди предвидливост и за граѓаните и за бизнисот може да биде основа и поддршка на развојните политики во иднина кои ќе обезбедат стабилен посакуван раст на македонската економија и на среден и на долг рок – вели Славески.

Порачува граѓаните да бидат спокојни бидејќи, како што истакнува, нивните заштеди се сигурни, а вели и дека Народната банка ќе обезбеди предвидливост за деловните субјекти за да можат да ги планираат своите операции и развојни планови.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ