СЛАВЕСКИ : АРСОВСКА ЌЕ ЈА НЕМА ШТО ДО СЕГА ЈА ИМАШЕ, ВО ОДНОС НА НАШАТА СОВЕТНИЧКА ГРУПА

0
1199

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески не очекува главниот град да влезе во безвластие, но очекува да продолжи прекумерното практикување на власт од страна на градоначалничката Арсовска.

НЕМА ОПАСНОСТ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА БЕЗВЛАСТИЕ, СОВЕТОТ ФУНКЦИОНИРА И ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ФУНКЦИОНИРА, ИЗМИНАТИВЕ 10 МЕСЕЦИ ПОСТИГНАВМЕ ИСКЛУЧИТЕЛНА ЕФИКАСНОСТ. 16 СЕДНИЦИ, ЗАКЛУЧНО СО 31.08, ОД КОИ СИТЕ СЕ ЗАВРШЕНИ, СТОТИЦИ ТОЧКИ, СТОТИЦИ ОДЛУКИ СЕ ДОНЕСЕНИ И МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО ТАА ЕФИКАСНОСТ. ЈАС НЕ БИ НАВЛЕГУВАЛ СЕГА ВО ТОА КОЈ Е ВО ПРАВО, ТОА ВЕРОЈАТНО МОЖЕ И ЛЕСНО ДА СЕ ДОКАЖЕ. НО, ОНА ШТО ПРВО САКАМ ДА ГО ИСТАКНАМ Е ДЕКА БЕВ НАВИСТИНА ИЗНЕНАДЕН ЗАТОА ШТО ИЗМИНАТИВЕ ОСУМ МЕСЕЦИ НИЕ УСВОЈУВАВМЕ КВАРТАЛНИ ИЗВЕШТАИ, ПО ЗАКОН, И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ НА ЈП, КАДЕ ШТО СЕКОГАШ БЕА ПРИСУТНИ И ДИРРЕКТОРИТЕ НА ТИЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА, ТИЕ ДУРИ И ОДГОВАРАА НА ПРАШАЊА ОД СОВЕТНИЦИТЕ. МИСЛАМ ИМАШЕ ВПЕЧАТОК ДЕКА СЕ РАБОТИ, ДЕКА СЕ РЕАЛИЗИРААТ ПРОЕКТИ И НЕМАШЕ НИТУ ЕДНА ЗАБЕЛЕШКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, РЕЧЕ СЛАВЕСКИ.

Коментирајќи ја изјавата на партискиот портпарол, кој ја повика Арсовска да престане да шета по пресконференции и да си ја работи работата, Славески вели дека тоа е опсервација на партијата по повеќе месечно следење на активностите на градоначалничката, чиј досегашен преформанс го оценуваат како далеку под очекувањата. Славески вели дека во партијата сѐ уште не разговарале за можноста да побараат нејзина оставка.

НИЕ НЕ СМЕ РАЗГОВАРАЛЕ ЗА ТОА, НО АКО СЕ ИСПОСТАВИ ДЕКА ИМА ПРЕКРШОЦИ ОД СТРАНА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА ДЕКА ИМА АНТИДАТИРАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ, КАКО ШТО БЕШЕ ИСТАКНАТО, ПОНАТАМУ, АКО СЕ ИСПОСТАВИ ДЕКА УПАДОТ ВО ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ, ПРОТЕКУВАЊЕТО НА ИНФОРМАЦИИ ВО НЕКОИ МЕДИУМИ НА ДВА ДЕНА ПРЕД ОТВАРАЊЕТО НА ПОНУДИТЕ, ТОА Е СЕРИОЗНА РАБОТА. ВО ТОЈ СЛУЧАЈ АКО ИМАМЕ ДОКАЗ ЗА ТОА ПО ЗАКОН МОЖЕ ДА БАРАМЕ ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ОРГАНИТЕ НА ПРАВОСУДСТВОТО, А ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ЌЕ ИМА ПОСЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ, РЕЧЕ СЛАВЕСКИ.

Според него градоначалничката Аровска ќе ја нема онаа комоција која што ја имеше до сега со поддршката од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициајта.

НИЕ МНОЗИНСТВОТО ГО ИМАМЕ, КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА, ЗАЕДНО СО ЛЕВИЦА И АЛИЈАНСА/АЛТЕРНАТИВА. МОЖЕБИ 35, 40 ПРОЦЕНТИ ОД ОДЛУКИТЕ КОИ ШТО СМЕ ГИ ДОНЕЛЕ СЕ ДОНЕСЕНИ СО ГЛАСОВИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА, РЕЧЕ СЛАВЕСКИ.