Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

СЛАВЕСКИ : АРСОВСКА ТРЕБА ДА СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕДОСТАВЕНИОТ ПРЕДЛОГ – БУЏЕТ ЗА 2025, НЕСОВЕСНОТО И НЕОДГОВОРНОТО РАБОТЕЊЕ МОЖЕ ДА ПРЕДЗВИКА ЦЕЛОСНА БЛОКАДА ВО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ГРАДОТ

КУЛМИНАЦИЈА НА МАНИПУЛАЦИИТЕ И АРОГАНЦИЈАТА НА АРСОВСКА

Градоначалникот Данела Арсовска деновиве ја пее својата “лебедова песна”. На аргументираните ставови изнесени на прес конференција од страна на членот на Совет Стефан Кирков од советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таа повторно криејќи се зад псевдонимот “град Скопје”, во соопштение истура куп лаги и гадости за што најмалку што може да направи е јавно да му се извини на господинот Кирков.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку советникот Кирков ја извести јавноста за непочитување на законски и други прописи кои се однесуваат на процедурата за носење буџет на град Скопје. Имено, Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа во член 27, ставовите 4 и 5, ја пропишува процедурата за носење буџет на општина, а со тоа и на град Скопје.

Таму е пропишано дека градоначалникот доставува предлог-буџет за наредната година до советот во рок утврден со буџетски календар. Совет на град Скопје во март оваа година има донесено Буџетски календар за 2024 година, објавен во Службен гласник на град Скопје (види прилог) каде е предвидена обврска на градоначалникот Арсовска предлог-Буџет за 2025 година до Совет да достави најдоцна до 10 декември, а не како што манипулативно се наведува во соопштението, седум дена пред расправата за буџет во Совет на град Скопје.

Дополнително, според буџетскиот календар најдоцна до 20 октомври 2024 година до Совет на град Скопје требаше да се достават за одобрување предлог-Програми за развој, кои Советот требаше да ги одобри најдоцна до 15 ноември, по што тие стануваат составен дек на буџетот. До ден-денес градоначалникот Арсовска нема до Совет доставено предлог-Програми за развој!

На крај, спротивно на воспоставената практика (и потреба) во град Скопје во минатото и во општините ширум Република Македонија, членовите на Совет до овој момент, со исклучок веројатно на неколку приврзоци на Арсовска, не биле воопшто информирани за било што и не биле вклучени во ниту една фаза во подготовката на буџетот на град Скопје за наредната година.

Арсовска треба да сноси одговорност за ваквото несовесно и неодговорно работење кое може да предизвика целосна блокада во функционирањето на градот. Не сакам да верувам дека можеби постои токму таква намера!

Трајко Славевски на социјалната мрежа ,,Х”

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ