Скопје утринава повторно е меѓу 10 најзагадени градови во светот по квалитетот на амбиенталниот воздух со индекс на загадување од 157, според последните податоци на платформата „Ај-Кју-Ер“. Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 60,3 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 68,6 микограми на кубен метар.
Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 12 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација. Најзагаден град во светот во моментов е Делхи во Индија, а по него на списокот е Калкута, па Сараево (БиХ), а на четвртото место е Дака во Бангладеш. Следуваат Мумбаи, Бишкек, Лахор, Ханој, и на деветата позиција се наоѓа Скопје: