На социјалните мрежи се појави снимка од група скијачи кои во понеделникот развија џиновско знаме на Косово на Попова Шапка честитајќи му 17 години независност.
На видеото може да се види дека знамето се вееше по снежните падини, а беше качено со шестосед. Снимката може да се види на следниот линк. „Честитки по повод независноста, со среќа Косово,“ порачуваат скијачите.