СКАНДАЛ, УШТЕ ЕДНО КУРТОНЧЕ СО УДОМЕНО СИНЧЕ: Груевски со вработувања почна да ги купува членовите на ДИК – Синот на Бедрадин Ибраими вработен во Агенцијата за воздухопловство и цивилна воздушна пловидба!?

0
687

ВМРО ДПМНЕ на секој можен начин се обидува да изврши класичен поткуп на членовите на Државната изборна комисија. Членот на ДИК дипломираниот правник од Правниот факултет при Универзитетот во Приштина од 1975, Бедредин Ибраими,добро се испазарил со неговиот глас во ДИК. Имено ВМРО-ДПМНЕ експресно го вработи синот на Бедрадин Ибраими(член во ДИК од ДПА )на висока позиција во Агенцијата за воздухопловство и цивилна воздушна пловидба,со цел да го добие неговиот глас, пишува „ОхридСкај“.

Дали Изборниот Список е прочистен, нема фантоми , може да има „регуларни избори“, се поради фактот што ВМРО-ДПМНЕ ги вдомува на високи позиции децата на членовите на ДИК??

Вработувањето на синот на Бедрадин Ибраими на висока позиција во Агенцијата во време кога се кршат копјата околу прочистувањето на избирачкиот список, во време кога целата меѓународна заедница бара кредибилни избори, Бедрадин Ибраими е должен да се произнесе околу неговиот КРЕДИБИЛИТЕТ како член на ДИК, за неговиот испазарен глас во корист на ВМРО-ДПМНЕ каде како против услуга е запослен неговиот син?? Зарем слободна Македонија зависи од вработувањето на синот на Бедрадин Ибраими, но и кој друг член на ДИК е на ред на купени члнови??

Извор: ОхридСкај