СКАНДАЛ : НА КОНКУРС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СКОПСКИТЕ СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИКИ, ПРВИТЕ ДВАЈЦА НАЈВИСОКО РАНГИРАНИ БИЛЕ ОДБИЕНИ ЗА РАБОТА

0
2937

На конкурс за вработување на скопските стоматолошки клиники, од вкупно 25-мина што влегле во потесниот избор, стоматолизите Атанас Павлески и Владимир Бојаџиев биле прв и второпласиран на ранг-листата пред последниот дел од постапката – интервју со директорот. Биле изненадени кога во известувањето што го добиле по пошта меѓу осумтемина примени ги немало нивните имиња.

🔴 Вработувањето и напредувањето во јавниот сектор по партиска линија, а не по заслуга и квалитет, е пракса што продолжува и покрај бројните критики, а и тешките последици со илјадници иселени од земјава. Тоа е загуба на огромен човечки потенцијал на кој треба да се базира напредокот. Или требаше да се базира. Зошто е така и има ли надеж дека нешто ќе се смени?