СКАНДАЛ: Доказ дека Грујо и Али се исти КРИМИНАЛНИ ЃУБРИЊА – Откако СЈО најави нови истраги, ДПМНЕ и ДУИ ги збиваат редовите, предлагаат измени на Законот за кривична постапка по скратена постапка

0
1341

На дневен ред на денешната собраниска седница пратениците треба да расправаат за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за кривичната постапка, по скратена постапка. Законот го предложија пратениците Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ и Муса Ибраими од ДУИ. Основната цел поради која се предлага овој закон, велат подносителите, е да се создадат претпоставки за ефикасно остварување на правата на одбраната на осомничените во кривичната постапка.

Измените предвидуваат, пред поднесување на обвинителен предлог, јавниот обвинител задолжително да го извести осомничениот за преземените истражни дејствија и за прибраните докази, по што одбраната ќе има 90 дена да преземе дејствија. Се предвидува и пред поднесување на обвинителен предлог, пресудата да се донесе врз основа на спогодба меѓу обвинителството и осомничениот. Се предвидува измените да важат и ретроактивно, односно да се применуваат и за постапките започнати пред влегувањето во сила на овој закон.

Специјалното обвинителство денеска одржа прес-конференција на која најави отворање истрага наречена Тортура против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и други вработени во полицијата за начинот на апсење на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

89754890349-43-670x398