СКАНДАЛ: Директорот на „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ уапсен со кокаин, Шилегов веднаш го разреши и објави на Фејсбук

0
1339

Сенад Смаиловиќ – Сенко, директор на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ во саботата бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга, објави Лидер, а градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фесјбук профил напиша дека е Смаиловиќ е разрешен од функцијата директор.

– На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – стои во билтенот на МВР.

Плусинфо побара објаснување од МВР, од ЈП Улици и патишта и лично од директорот Смаиловиќ, но од никаде не добивме потврда или демант на веста.

Индиректна потврда на веста стаса од градоначалникот Петре Шилегов, кој на Фејсбук напиша: