Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

СКАНДАЛ – ДИРЕКТОРОТ НА КАНАЛ 5, ИВАН МИРЧЕВСКИ ГО ИЗБРКА ИСМЕТ РАМАДАНИ ОД СТУДИОТО НА ,,САМО ВИСТИНА”

Жестока кавга се случи вечерва на емеисијата „Само вистина“ на Канал 5, меѓу новинарот, водител на емисијата, Александар Видиновски и гостинот, аналитичарот Исмет Рамадани, на што на крај се вклучи и директорот на телевизија Канал 5 во одбрана на новинарот и телевизијата и побара Рамадани да ја напушти емисијата и да се прекине.

Кавгата почна кога претседателот на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани му укажа на водителот да не биде едностран и да ги истакнува само албанските националнистички изјави, а да не реагира на нациоаналистичките изјави од ВМРО-ДПМНЕ, „Левица“ и останати партии од македонскиот блок.

Немојте цело време албанските политичари, албанските политичари. Што изјави има во континуитет од Левица и структури во ВМРО-ДПМНЕ, додека немаше вакви изјави од ниту една партија од Албанците? Во раководството на ВМРО-ДПМНЕ има три-четири луѓе кои во 90-тите години кога настапуваа против Педагошкиот факултет викаа „гасни комори за Албанците“ рече Рамадани забележувајќи му на водителот дека не според него, не реагирал кога се во емисијата се кажало дека ќе се газеле Албанци како жаби.

На ова реагираше и водителот кој рече дека тој само побарал негово мислење за одредено прашање и дека тој ја претставува јавноста. За кратко во живо се свклучи Мирчески кој побара изинување од Рамадани.

-Не се знаеме лично, но долго време работам во медиумите и ваков однос према медиум и новинар досега не сум забележал. Правите директно сегрегација. Никој, никаде и никогаш не прави поделба на луѓето во Македонија, ниту во светот на верска и етничка основа. Најмалку во Канал 5 имате право да кажете, особено за овој новинар, дека намерно потенцира и сака да ги навреди Албанците. За мене во Македонија сите се Македонци, сите сме граѓани на Македонија рече директорот Мирчески.

Рамадани упорно објаснуваше дека не се реагирало на националистички настапи во емисијата, па Мирчески побара да се прекине емисијата и гостинот да го напушти студиото.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ