Сител во денешните вести го обвини Зоран Заев како главен виновник за терористичкиот напад во Гошинце?!?! Објаснувањето беше дека со тоа што објавувал бомби тој го намалувал моралот на војниците и полицајците и ги поткопувал македонските безбедносни институции?!?!
Ова е апсурдно тврдење затоа што Заев не објави бомби за АРМ и за специјалните полициски единици ниту пак за другите системи на безбедност како шумска и гранична полиција. Не се објавени ниту тајни мрежи на шпиони кои се на терен, бомбите се за министри, пратеници, бизнисмени, новинари и судии со што се открива корупцијата и кршењето на законите.
Дури и да се открива слабата македонска безбедноста мрежа со тоа што Заев тоа го објавува тој алармира на време, помага на време да се дејствува, проблемот е што некој ја оставил полицијата со железни кревети и ќебиња од ЈНА и што ги оставил без чизми и без гориво за автомобилите и што полицијата останала без персонал поради малите плати и чистките со неподобните а за тоа време пари се истураат за владини кампањи и споменици и за сметките на фамилијата на Белизе и за плацевите на Водно!
Очигледно е дека ДПМНЕ ќе се обидува со ваквите нарачани акции на разни банди да го натера Заев да престане со објавувањето на бомбите затоа што тие се разорни за владата и Груевски па ќе се обидуваат со се што им е на располагање да го замолчат!