СКАНДАЛОЗЕН РАЗГОВОР НА ЛАТАС И ИВОНА : Разговор помеѓу Ивона и Латас поврзан со „Визарис“ : Додека милион евра не ми легнат на сметка, ќе живеам како мечка во пештера!

0
1223

Панче Иванов, претседател на ОО СДСМ Велес, на денешната прес конференција објави разговор меѓу Ивона Талевска и Драган Павловиќ Латас, за кој вели дека покажува дека Талевска е вмешана во аферата „Визарис“.

latas-ivona-685x320

„Ивона Талевска потврдува дека стои зад аферата, и таа е сама во фирмата Визарис. Таа кажува дека на нејзина сметка ќе легнат милион евра, а дотогаш таа ќе живее како мечка во пештера, за да не се дознае“, рече Иванов.

Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска 

ИТ: Треба да ми дадат еве сега праќам накај битолскава…даа…за да влезе претходна пресметка оваа година пошо нели утре е ДДВ крајниот рок за поднесување на овие…

ДПЛ: Добро важно добро звучиш…

ИТ: …и битно како се вика култура, значи извештајот е готов ама морам да ги напраам бројките и Суле да ми пушти фактури, затоа штоо..како се вика, значи трет пат ми бараат извештај и да ти кажам дека 3 пати сме им го праќале извештајот, ги чувам сите копии да ти покажам…

ДПЛ: Па тие се неорганизирни, малце се изгубени

ИТ: Знам, знам, значиии…и вчера гледам тука ги вадам фајловите и викам дал се овие при памет разбраш, значи 3 пати истиот извештај ми го бараат нон стоп, три пати… и секој пат со некоја наредна измена шо ќе ми ја кажат, ќе ја напраам и за следниот пат не чини, разбираш како значии, нема везе…ќе го завршиме и тоа денеска и плус Визарис морам да го завршам денеска…

ДПЛ: Мада добро звучиш…

ИТ: Одма си прекршив ја у глава, значи сеа тоа е шо да праиме, јас ќе пробам да зборам со Бобан, ќе го замолам, значи да не ми ги крти парите, истите пари ќе се префрлат кај Орце толку колку што се договориле само да си идат преку мене, да не ми ја зима провизијата..и ќе му објаснам…

ДПЛ: Му кажав ја на Горан вчера, знаеш за ова…

ИТ: И шо вика?

ДПЛ: Вика абе види, ја му кажав у контекст на тоа што го јадевме ние курот за Вечер, дека сеа ќе го јадеме курот за Сител…

ИТ: Да…

ДПЛ: И викам има озбилна кавга до толку што дури и приватно вика се испокарале оваа си станала од кафана си отишла… овој после си се собрал, си отишол….

ИТ: Од Сител го извле.. бе, тука седевме у Сител се каравме…

ДПЛ: Добро ја му реков у кафана не е битно… иии му викам, поентата е у тоа шо таму има едно 25 илјади евра за Вечер, 120 илјади евра за Сител шо одеа, до сега више не играат пошо ќе идат таму… па вика, он не може да го покрие тоа нема толку простор и цени за да го покрие, и викам знам..јеби га

ИТ: И Горан шо ти вика?

ДПЛ: Па ништо онака беше загрижен викам а плус тоа нејзе ја … пошо тоа и се единствени екстра приходи, викам нема други… па вика да земе да се збори, викам ништо она сакала да се расправа со Орце и он исто вика шо, сите …сите бараат, не може да биде крив тој шо бара, тој шо бара глеа да земе

ИТ: Јас така ќе зборам со Бобан и ќе го замолам, ќе му објаснам, господине Петровичу…пошто првите приходи за Визарис нас треба да ни стигнат на крај на 2013та, јас ќе го прашам како можете сега да ме советувате како јас да си ја обезбедам финансиската стабилност на компанијата ако парите се распределуваат вака од причини што цела 2013та Визарис нема да може да функционира… значи ќе го прашам да ме советува, дали има начин, ако он инсистира на тоа, да се иде директно, значи да си идат они директно со Орце тогаш јас ќе го замолам, дообро, значи провизијата којашто се губи за да живее Визарис во Македонија, изнесува толку… дали вие имате друга компанија којашто може да ки ги префрли тие пари на сметка на Визарис у Македонија за јас да бидам сигурна дека таа компанија ќе живее… тоа е второто решение што мислам да му го понудам…

ДПЛ: Добро е и тоа …

ИТ: И третото решение што мислев да му го понудам, не мислев да му го понудам него јас рачунам колку пари иам на сметка, 2013та без екстра приходи само од плата можам да ја преживеам, во 2013та на крај милион и 300 ќе легнат на моја сметка на Визарис, а таму сум јас сама…

ДПЛ: После е лесно…

ИТ: Не после они ќе дојдат да ме молат за да ги платат, за да ги платат парите…за јас им ги платам парите.

ДПЛ: Ама битно е да помине тоа со Визарис, уште не е поминато…

ИТ: Значи ќе помине…тоа ќе помине…

ДПЛ: Добро, дај боже

ИТ: Во крајна линија, значи во крајна линија, сега збориме не се согласуваат со ништо и се ме одјебуваат така, значи јас имам доволно пари за да живеам не ми требаат, луксузи нема да купуем стан, нема да се задужуем…2013 ќе ја одлежам у зима како мечка у пештера и ќе ќутам…

ДПЛ: Абе не е тоа мечка у пештера, со 1500 евра се живее и тоа квалитетно…

ИТ: Не, не сакам да ти кажам, еве нема да купуем стан, ме разбираш, ќе ја продадам ланчата и готово..

ДПЛ: Ќе купиш помал…

ИТ: Не не не нема да се луксузирам, нишо нема да праам 2013та… да не предизвикуем понатамошни потреси, ме разбираш како, значи едно чим се раздрма ти мораш да се стабилизираш…значи 2013та не праиме ништо, ќе седам баш буквално како мечка у пештера. На крај на 2013та ако го добијам тендерот со Визарис милион и 300 треба да легнат на сметка на Визарис, е тогаш друг муабет ќе праиме со Петрович

ДПЛ: Држи тоа…

ИТ: Тогаш значи другачје ќе се разговара, а ја една година да издржам можам

ДПЛ: Абе не е тоа издржување ти пак ќе живееш квалитетно само нема да имаш инвестиции, значи ти нема да живееш лошо таа година со тие пари…

ИТ: Па добро сега се годините знаеш и за стварање и за инвестирање и за све…

ДПЛ: Сите, сите викаат и Ива вчера на ручек вика ќе иде на одмор кола да и дадам истиот муабет вика сега биле годините, ти што си 7 години, 8 постара викаш сеа биле, и ја викам сеа биле, нема години кои не се…

ИТ: Види ја сум женско значи другачје е кај женско ме сфаќаш, ти мушко, ти моеш коа сакаш и шо сакаш да праиш, јас утре ако имам дете нема да можам толку да работам, еве види ја Цаци ме разбираш, значи да не е Сарма она ќе пропадне скроз, немам ја кој мене да ми дае бекап и финансиски ни никаков ако сама не го напраам…

ДПЛ: Тоа е тачно.. и глупо е да ти дава, ни тебе ни мене не треба да и дава, треба да помагаш еден на друг а не да даваш…

ИТ: Па не сакам да ти кажам значи, еве размисли…на Ива што и да и се деси, Иво е тука ме разбираш, значи ќе ја покрие, ти ќе ја покриеш, мене нема кој да ме покрие…за било шо…

ДПЛ: Они имаат по 28 години…

ИТ: Сакам да ти кажам..не значи…

ДПЛ: Не рамишљај за тоа..Размишљај постапно чекор по чекор…

ИТ: Постапно размишљам ја…значи многу постапно, синоќа до 2 саат сум ја … главата пешки сум идела ко не здрава 5-6 километри низ парков, напред назад, напред назад, све сум го мозгала…од сите можни страни…

ДПЛ: Кај си ти сеа?

ИТ: У Сител

ДПЛ: Доброо…

ИТ: Тука распослана сум на сто страни…

ДПЛ: Добро ќе дојдам…

ИТ: И ми стигнаа поканите за 50 годишнината на Вечер, ќе ги носам за шеикот и за шеиката у златно…

ДПЛ: Аааа хахахахха…

ИТ: Ај ќе ја сликнам една да ти ја пуштам да ја ѕирнеш, а ти кај си?

ДПЛ: Ја дома сум ја сеа ќе идам…

ИТ: Кај ќе идеш?

ДПЛ: У Влада треба до кај Кире…

ИТ: Да идеш до кај Кире…

ДПЛ: Да…

ИТ: Јас можам да прозборам и со Орце у крајна линија да му кажам Орце ќе ги земеш ти тие исти пари само нека…нека си идат преку мене…

ДПЛ: Види ако збориш ќе искомплицираш, првин почекај овие, на крај тоа збори, првин почекај со овие

ИТ: Ќе почекам ако ми се јави Бобан…

ДПЛ: Ќе се јави, ако не денеска, за ден два ќе се јави…

ИТ: Ама ова е у понеделник ќе морам да го стопирам…

ДПЛ: Они имаат илјаду начини како да го решат тоа…

ИТ: Ај ќе видиме…Ти да не сакаш случајно да ме частиш кафе негде?

ДПЛ: После да…

ИТ: Ајде заврши у Влада па ќе се чуеме…

ДПЛ: Важи

ИТ: Ајде…