Friday, May 16, 2025
11 C
Skopje

СИЉАНОВСКА : НЕ САМО НИЕ, ГОРИ ЦЕЛ БАЛКАН, НО ГЕНЕРАЛОТ СТОЈАНЧЕ И ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ СПОСОБНИ И ЗАТОА СУМ МИРНА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е уверена во способноста на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, и на неговиот тим, како и во подготвеноста на војниците и на пожарникарите.

„Кога ќе престанат огновите и пожарите, веднаш да седнеме, да не чекаме да дојде следното лето, да го препрочитаме Законот за управување со кризи и да ја преиспитаме организацијата внатре“.

Ова денеска го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова откако ги посети припадниците на Армијата вклучени во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Серта кај неготинското село Калањево.

Таа е уверена во, како што рече, способноста на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, и на неговиот тим, како и во подготвеноста на војниците и на пожарникарите.
– Местото на претседателката како врховна командантка е таму каде што има припадници на војската. Утрово рано ја потпишав Одлуката, верувам во нивната способност зашто секогаш кога било најтешко тие се наоѓале на вистинското место. Сe зголемуваат бројот и можностите за ангажман. Јасно ми е зошто е сонцето на нашето знаме, не е само нашата Република во пламен, сиот Балкан е во пламен – истакна Сиљановска-Давкова.

Според неа, сликите се некогаш подраматични од реалноста.
Го слушав Стојанче и неговите предупредувања, мирна сум знаејќи дека генералот зад мене ќе ја преземе командата со војниците. Знаеме дека се работи за врвно едуцирани пилоти, не само вешти, туку и пожртвувани и храбри. Се молам да падне дожд, врвен експерт за климатски промени ми рече дека може да очекуваме дожд, не дека тоа ќе ја реши ситуацијата. Но, таму каде е најопасно имаме луѓе – потенцира претседателката.

Претпладнево, со Одлука на Сиљановска – Давкова, ангажирани се дополнителни 200 припадници на Армијата за гаснењето на пожарите, со што вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300. Заедно со досегашните 100 припадници, кои се ангажирани од почетокот на прогласување на кризната состојба, дополнителните сили ќе извршуваат активности на локации каде ќе има потреба и кои ќе им бидат доделени од страна на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции.

– Ангажираните сили и ресурси координирано работат заедно со другите инволвирани субјекти, што се покажува како суштински во борбата за ставање на пожарите под контрола. Во досегашниот период Армијата дејствува со 100 припадници и два армиски хеликоптера МИ-8/17, кои се ангажираат на локации по насоки на Центарот за управување со кризи и со исфрлени повеќе од 150 тони вода и активен ангажман на терен го даваат својот придонес во локализирање на пожарите.Воедно припадниците од воздухопловниот ВИНГ координираат со налетите на хеликоптерите од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора, информира Генералштабот.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КАРАВАНОТ ,,ЗАЕДНО ЗНАЕМЕ ПОВЕЌЕ” ВО КРИВА ПАЛАНКА – ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ДИРЕКТНО СО НАРОДОТ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски заедно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ