СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ПОРАКА ДО АХМЕТИ : ОПАСНО Е СЕКОГАШ ДА СЕ БИДЕ НА ВЛАСТ

0
166

Претседателката истакна дека изборот на влада се прави според идеолошката определба, како и според наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати.

Еден победник има на изборите. Секогаш нашите влади биле мултиетнички, така што не можам да забележам мајоризација, вели додаде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на ДУИ дека им е одземен „легитимитетот“.Претседателката му испрати порака на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека е опасно е да се биде секогаш на власт, затоа што власта оптоварува.

Таа истакна дека изборот на влада се прави според идеолошката определба, како и според наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати.

Од ДУИ најавуваат редефинирање на правниот поредок на државата, односно, според нив, тенденциите на новата Влада се минирање на сè што е постигнато од 2001 година досега.

ДУИ бара, како што велат, почитување на гласот на албанскиот народ и другите етнички заедници бидејќи тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата.

Арбер Адеми од ДУИ денеска изјави дека најважно е да се ужива поддршката од граѓаните и да се има легитимитет, даден од нив, а не како, што рече „како губитник и како некој што моли да стои зад врататата да молиш, да плачеш да си дел од власта“, алудирајќи на коалицијата Вреди, која е во преговори со ВМРО-ДПМНЕ за составување нова влада.