Со особена чест и задоволство, на претседателот Доналд Трамп и на пријателскиот американски народ им го честитатам 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави со искрени желби за среќа, просперитет и благосостојба.
4 Јули 1776 не е само датум и година кога со Декларацијата за независност се удрија темелите на американската државност, туку и симбол на слободата, еднаквоста, човековите права и достоинството како универзални вредности коишто и денес го инспирираат демократскиот свет!
Горди сме на повеќедецениското пријателство и стратешко партнерство со САД засновано на доверба и заемна почит.