Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: ОСУМТЕ ДЕЦЕНИИ РАБОТА НА НУУБ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – БИТОЛА СЕ ДОЛГО ДУХОВНО ПАТУВАЊЕ

Осумте децении работа на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се долго духовно патување, посветен труд за зачувување и збогатување на библиотечниот фонд, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на свеченоста по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на оваа Национална установа.

Претседателката ја истакна длабоката духовна и културна вредност на библиотеката, опишувајќи ја како „тврдина на идентитетот“ и „космос на знаење“.

Осврнувајќи се на улогата на библиотекарите, Сиљановска-Давкова ги нарече „храбри чувари на пишаниот збор“ кои се бореле против заборавот, цензурата и варварството низ историјата.

Таа нагласи дека и покрај напредокот на технологијата и дигиталниот свет, книгата останува темел на мислата и културното издигнување.

Претседателката, како библиофилка, сподели лична и емотивна приказна поврзана со признанието што ѝ беше врачено вчеравечер – момент што ѝ ги разбуди спомените на првата награда добиена уште во детството, токму за „најверна читателка“, признание коешто ја прејудицирало нејзината трајна сродност со книгите.

Во своето излагање таа оддаде почит и на делото на Горан Стефановски, потенцирајќи ја неговата способност да го опише духот на времето и да ги отвори вратите кон суштинските прашања на современото општество.

-Вљубена сум во книгите, во прашање е доживотна фатална врска меѓу мене и книгите, рече претседателката, испраќајќи силна порака за љубовта кон читањето.

На крајот, Сиљановска-Давкова го честиташе јубилејот, изразувајќи уверување дека библиотеката ќе продолжи да биде светилник на знаењето, дом на книгата и место каде што се гради иднината преку мудроста од минатото.

Извор : 24.мк

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ