Според информациите од кабинетот на Сиљановска – Давкова, таа во своето обраќање нагласила значењето на мултилатерализмот и заедничките глобални напори во борбата против сиромаштијата, климатските промени, нееднаквоста и социјалната неправда.
„Сиљановска-Давкова истакна дека постојат значителни геополитички и економски ризици кои го загрозуваат досегашниот напредок“, изразувајќи надеж за подобар и одржлив свет.
Како што нагласи, правичниот пристап до финансирање е клучен услов за успешни и доверливи партнерства. Во новиот Пакт за иднината, таа прелседателката види обновен глобален општествен договор. Таа укажа на заедничката одговорност на сите засегнати страни.
Сиљановска-Давкова спомна дека скоро две третини од Целите за одржлив развој се поврзани со реформите на Европската Унија, информирајќи дека нашата Национална стратегија за развој за периодот 2024-2044 е усогласена со најновата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации.
На крајот, Сиљановска-Давкова изрази благодарност до Обединетите нации, Европската Унија и развојните агенции од различни земји, како и до меѓународните финансиски институции – ЕБОР, Светска банка, ЕИБ и Инвестицискиот фонд за Западен Балкан за нивната искрена поддршка преку проектите во области како што се зелена транзиција, здравство, образование и инфраструктура.