Friday, June 20, 2025
19.8 C
Skopje

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: КУЛТУРАТА Е НАЈМОЌНИОТ РЕСУРС НА МАЛИТЕ НАРОДИ И ТРЕБА ДА ГО ДОБИЕ ВИСТИНСКОТО МЕСТО ВО ДИПЛОМАТИЈАТА

Укажувајќи на важноста на културната дипломатија, таа упати на перцепцијата на Гоце Делчев на светот како поле за културен натпревар меѓу народите, препознавајќи во Гоце Делчев, основоположник на македонската културна дипломатија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа: поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, поранешниот чешки претседател, Вацлав Клаус, поранешниот претседател на ГС на ООН, Волкан Бозкир, Розета Епифани од Кабинетот на претседателот на Советот на министри на Италија и Хенри Џонс, претседател на COFR Technologies и советник на државниот секретар на Арканзас.

Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека културата е моќно миротворно, недоволно искористено дипломатско оружје не само на големите, туку и на малите држави.

Во уметноста таа препознава важен инструмент за разбирање, доверба и пријателство меѓу државите и нациите. Според неа, голем успех за една држава и култура е да стекне почитувачи, припадници на други народи. Укажувајќи на важноста на културната дипломатија, таа упати на перцепцијата на Гоце Делчев на светот како поле за културен натпревар меѓу народите, препознавајќи во Гоце Делчев, основоположник на македонската културна дипломатија. Учесниците дискутираа за шансите на малите држави да влијаат врз справувањето со глобалните предизвици преку културната дипломатија.

Од расправата произлегоа предлози за реформирање на ООН, во функција на дисперзија на моќта, преку зголемување на улогата на Генералното собрание во процесот на одлучување и проширување на членовите на Советот за безбедност. Свесни за ограничената моќ на малите држави, за доминацијата на реал политиката во меѓународните односи и заострениот конфликт меѓу силата, правото и правдата, учесниците се согласија дека се неопходни алтернативни решенија за влијание, меѓу коишто, регионалното поврзување и соработка, како можен агенс на промени.

Извор: Новинска агенција МЕТА

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

ИРАН ГИ БЕЛЕЖИ КАДЕ СЕ НАОЃААТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Со повеќе од 40.000 американски војници распоредени низ Блискиот...

ДОДИК: ДОДЕКА ЈАС ЈА ВОДАМ РЕПУБЛИКА СРПСКА, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ